О! Кого праќа Путин во Украина?! Германците објавија шокантна вест! Ова не се случило од почетокот на војната!
Рускиот претседател Владимир Путин наводно почнал да испраќа жени во војната во Украина, пишува германски Билд.
Според извештаите на медиумите, Русија наводно почнала да регрутира жени за борбени мисии за прв пат од почетокот на војната. Жените се регрутираат во баталјонот Борз (Волк) на приватната воена компанија (ПМК) Редут под контрола на руското Министерство за одбрана како снајперисти и оператори со беспилотни летала.
Ова го објави независниот интернет портал Histories.
Како што пишуваат медиумите, на војниците им бил понуден шестмесечен договор со месечна плата од околу 2.200 евра. Во случај на повреда има бонус од 30.000 евра, додека во случај на смрт на нивните семејства ќе им бидат исплатени околу 50.000 евра, објави Телеграф.
Во огласите се додава дека искуството со оружје е пожелно, но доколку кандидатот го нема, се обезбедува едномесечна обука во делумно окупираната украинска област Доњецк пред да биде распоредена во борба.