Вчера и завчера бевме сведоци како се сруши меѓународниот поредок.
Во Обединетите нации прво Америте лобираа да се отфрли резолуцијата на Русија за прекин на геноцидот во Газа, а потоа Русија и Кина бапнаа вето на резолуцијата на Америте.
Вчера не се прифати резолуцијата на Јордан.
Тотално фијаско.
Обединетите нации комотно можат да се пренаменат во фолклорна секција.
Кина прати шест бродови во Медитеранот.
Спремни се да ги бранат своите интереси во Иран, доколку биде нападнат од Америте.
Станува јасно зошто се случи растурањето на Либија, Ирак и Сирија: Зошто се туркаше договор за признавање меѓу Израел, С. Арабија и Јордан. Само за да му се олесни на Израел да ја окупира цела земја до Медитеранот и да се стави Иран во стапица. Да остане сам.
Затоа Палестинците мора да завршат во морето или под урнатините на Газа.
Светот е на прагот на Трета Светска војна.
На Америте изгледа доцна им кликна. Па сега дел од нив брзаат да го пишманат Израел да не изврши инвазија во Газа, но дел сакаат тоа да,се случи.
Ако се случи, готово е со светот. Никој нема да го спречи Иран да ги употреби хиперсоничните балистички ракети кон Израел. Тогаш ќе почне срањето.
Поентата ми е дека Македонија под итно треба да ја разгледа опцијата да излезе од НАТО и да прогласи неутралност.
Оти ко ќе почнат нуклеарките, никој од НАТО нема да има време да се занимава со нас и да не брани.
Мора добро да се позиционираме пред да почне светската војна.
Вака како дел од НАТО сме легитимна цел, а вода у очи немаме.
А кој мисли Славјанка дека ќе го одбрани, сам нека се пријави во Бардовци
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?