ПЕТАР ПОПАРСОВ: „ПОДАЛЕКУ ОД БУГАРИЈА“
Според Петар Попарсов, првиот Комитет на ВМРО бил нарекуван и „Комитет за придобивање политички права за Македонија, дадени од Берлинскиот договор“.
Официјалното име на тоа тело и според Христо Татарчев и според зачуваните документи, печати итн., било Централен македонски револуционерен комитет. Основен принцип бил – македонското револуционерно дело да го запази својот внатрешен чисто македонски карактер, и тоа со лозунг – „подалеку од Бугарија“.
Попарсов е еден од основачите на Македонската револуционерна организација – МРО и нејзин идеолог. Автор е на првиот устав на Организацијата, за којшто самиот вели дека не е зачуван, оти изгорел во пожар.
Никој од основачите на МРО не говори за тнр. „б.м.о.р.к.“. Сѐ ова, меѓу другото, недвосмислено докажува дека тнр. „устав на б.м.о.р.к.“ и современата бугаристичка приказна околу него, се ноторен бугарски фалсификат.
Честит национален празник, Македонци, каде и да сте!
—
ИЗВОР: „Бюлетинъ“, бр. 8, София, 1919.
ЗАБЕЛЕШКА: Весникот е издаван во Бугарија, на тамошниот официјален пишан јазик. Друг јазик не бил дозволен. —–/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?