Ние да сме држава треба веднаш да излеземе НАТО и да ги прекинеме сите врски со ЕУ.
Начинот како застанаа зад ционистите, без трошка емпатија за геноцидот врз Палестинците, треба да ни биде знак во какво лошо друштво сме.
Друштво кое го крши меѓународното право по сите основи и поставува правила кои им одговараат само на нив. Потоа и тие правила ги менуваат кога нема да им се од интерес.
Неолибералните глобалисти го туркаат светот во крвава апокалипса. И тоа се виде најубаво сега, за време на геноцидот во Газа.
Ја одбија резолуцијата на ООН за прекин на војната, довлечкаа носачи на авиони во близина на Газа, зацда го испровоцираат Иран да влезе во војна и конфликтот да стане регионален и светски.
Штета што ЕУ ги напушти своите вредности и заклетвата дека никогаш повеќе човештвото нема да се убива како од 1914 до 1918 и од 1939 до 1945. И ќе плати висока цена за своето лицемерие и психопатите во нејзиниот политички врв. Набрзо ќе стане полигон за терористички акции. Крвта ќе бара крв. На луѓето ќе им биде страв да посетат било каков јавен настан
ООН се пред колапс, тотално немоќни.
Знаеме што се случи кога колабираше Лигата на народите. Сега ќе биде истото.
Затоа сериозно треба да ја преиспитаме нашата сегашна улога и улогата пред нас.
Во НАТО и ЕУ не ни е местото.
Оти набрзо ко ќе биде спасувај се кој може, нема ни да не погледнат
Сашо Тасевски