На денешната седница на Анкетната комисија за Онкологија, беше сослушан поранешниот министер за здравство Венко Филипче, а свое излагање имаше и актуелниот министер, Фатмир Меџити.
На прашањето од претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи, дали директорот на Клиниката, Нино Васев работел етички, Филипче одговори дека се работи за врвен професионалец кој помагал секому, а доколку некој се сомнева дека тој сторил кривично дело, тоа може да се истражи.
„Д-р Васев сметам дека е врвен професионалец, секогаш тука да помогне на секого. Ако постои сомнеж во неговата работа, тоа треба да се истражи“, рече Филипче.