АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! АВСТРАЛИЈЦИТЕ ВО 1939 ГИ ПРЕЧЕКАЛЕ МАКЕДОНСКИТЕ МИГРАНТИ КАКО МАКЕДОНЦИ

МАКЕДОНЦИТЕ НАВЕДЕНИ МЕЃУ ДОСЕЛЕНИЦИTE OД 12 НАЦИОНАЛНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА – 1939 г.
Австралискиот весник „Аргус“ (The Argus) отпечатил статија на 21. март 1939 година за доаѓањето на италијанскиот брод „Виминале“ во пристаништето на градот Мелбурн. Весникот известува дека отприлика 500 лица се собрале да ги пречекаат 113-те бродски патници, за кои се вели дека биле од 12 националности, меѓу кои и Македонци, покрај Бугари, Грци, Албанци и останати.
Написот известува дека пред патниците да излезат од бродот, нетрпеливата толпа притрчала на влезот во бродот при што настанало масовно поздравување и гушкање. Меѓу првите што влегле во бродот била една Австралијанка која го пречкала својот вереник, Фрањо Пропротник, кој според името најверојатно е Хрват по националност.
Исто така, меѓу патниците биле тројца попови од сојузната австралиска држава Квинсенд, инаку Ирци по потекло, кои биле на 12-месечно патување во Ирска, како и еден банкар, Англичанец, кој со својата сопруга бил на двегодишно патување по светот.
Најмладите патници, брат и сестра стари 17 и 10 години, по националност Сиријци, пристигнале за да им се придружат на нивните две постари сестри во Мелбурн. На бродот имало уште една 17-годишна патничка која пристигнала заедно со своите родители, инаку Пољаци по националност.
ИЗВОР: “12 Nationalities,” The Argus, Melbourne, Tuesday, March 21, 1939, pg. 7. —-/
Можно е да е слика од мапа и текст
Сите реакции:

Stiv Veselinovski, Anet K Macedon и 36 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа