Ќе течат реки крв, стартува „Украина 2“! Израел собра стотици илјади војници, следува пресметка од незамисливи размери!

Ќе течат реки крв, стартува „Украина 2“!  Израел собра стотици илјади војници, следува пресметка од незамисливи размери!

Споделете ја веста

Израелската армија објави дека се мобилизирани 300.000 војници, додека израелскиот министер за одбрана Јоав Галан повика на целосна опсада на Појасот Газа.

– Наредив целосна опсада на Појасот Газа . Нема да има струја, храна, гориво, се е затворено –  изјави Галан, пренесува Тајмс оф Израел.

Американските власти соопштија дека очекуваат копнен напад врз Газа во следните 48 часа.

Како што соопшти Хезболах, таа воена формација нема да се меша во војната во Појасот Газа, што значи дека Хамас ќе остане сам во оваа конфронтација.

– Хезболах е подготвен на сите опции, вклучително и голема војна која би го прекинала постоењето на Израел… Доколку Израел одлучи да го нападне Либан, ние сме целосно подготвени – изјави неименуван функционер на Хезболах на „Ел Дијар“, кој суштински отфрли каква било можност оваа организација да му дојде на помош на Хамас во Појасот Газа.

Ваквиот развој на ситуацијата го потврди и либанскиот министер за надворешни работи Абдалах Бухабиб, наведувајќи дека владата во Бејрут добила цврсти гаранции од лидерот на Хезболах дека нема да се меша во војната во Појасот Газа, доколку Израел не го нападне Либан.

Русија и Арапската лига повикаа на брз прекин на конфликтот

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, повика на брз прекин на конфликтот меѓу Израел и Хамас, на средбата во Москва со претседателот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит.

Лавров оцени дека Русија и Арапската лига можат да помогнат да се запре крвопролевањето.

Претседателот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, исто така повика на прекин на борбите, предупредувајќи дека насилството ќе продолжи се додека не се реши палестинското прашање.

Вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ утре во Брисел

Утре во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ посветен на ситуацијата во Израел и регионот.

– Повикувам утре итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Израел и регионот – објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ, на Твитер.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа