Поранешен соработник на Данела Арсовска Ујемр Муамеди тврди дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и нејзините пријатели од ДУИ сакаат да го убијат.
Муамеди во порака во која ја тагира Американката амбасада во Скопје вели дека причината за намерата на Арсовска и ДУИ да го убијат е тоа што ќе се случува вечерва.
,,Шокирани од тоа што ги очекува вечерва, Данела Арсовска и нејзините соработници од ДУИ планираат моја физичка елиминација. Солзите на мајка ми кога идев со Данела Арсовска на собири а нејзините сегашни пријатели ми се закануваа за денеска она да се слика со Али Ахмети ке погодат многу длабоко”, објавува Муамеди кој бара заштита од амбасадата на САД.
Преходно Муамеди најави дека денеска ќе се активира политички.