ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВОЈ ДОКУМЕНТ! МАКЕДОНЕЦ УШТЕ ВО 1829 ГОДИНА СЕ ОБРАТИЛ ДО РУСКАТА ИМПЕРИЈА ВОЈСКИТЕ НА РУСИЈА ДА ВЛЕЗАТ И ДА ЈА ОСЛОБОДАТ МАКЕДОНИЈА

Македонецот Трифон Недељович Давитски.
Во август 1829 год., непосредно пред потпишувањето на Одринскиот мир во Руско-турската војна, Македонецот од Филипол Трифон Неделјович Давидски до Командата на настапувачката руска армија испраќа три значајни документи:

 

како ефективна помош на руските војски под наслов
“За верата Христова и за верноста на нашата татковина”,

 

формулиран како “Молба и желба”,
упатен до Главниот командант на руската армија.
Во сите три документа се бара руските војски да поминат и низ Македонија, а не само низ Бугарија (меѓу Дунав и Стара Планина) за да се вклучат и подготвените веќе Македонци во ослободителната воена акција
“До неговото превосхотство и светло сијателство,
пречесниот и преславниот сеопфатен и семилостив
наш господин, главниот командант на 2. армија.”
Молба и желба
„Кога во бурно време пливаат по морето бродовите, господата што се наоѓаат во нив искрено сакаат што поскоро да стигнат во тивкото пристаниште Лиман. Така и ние сега сметаме дека во време на војна господарот и главниот командант и сето воено начелство сакаат што поскоро да заврши таа војна. Затоа имаме чест да го замолиме Вашето Височество, недалеку пред руската армија на Константинополскиот пат се наоѓа нашата праотеческа земја Македонија, многу ќе и биде полезна на војната таа да ја задоволи со секаквите потреби. Искрено сакаме од Вас дозвола да им дадете секретно на знаење да востанат сите МАКЕДОНИЈАНЦИ против непријателот:
прво, да дадат помош и соработка во сегашната кампања;
второ, ние сме должни да му услужиме на рускиот престол заради својата татковина;
а трето, заради спас на христијанскиот род од непријателските напади…
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа