Бугарите и србите ја испокрадоа цела македонска книжевност! Македонија е лулката на словенската писменост

„Денес се одбележуваат 136 години од раѓањето на отец Владимир Алексеевич Мошин, Роден е во Санкт Петербург, Русија. Во националната македонска меморија останува забележан како еден од најголемите познавачи и истражувачи на македонското книжевно и ракописно наследство. Според него, македонските ракописи ја ширеле светлината на најстарото кирилометодиевско наследство низ вековите.“– се наведува во статијата со наслов „Човек со енциклопедиски знаења и вљубеник во вистината“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

 

Владимир Мошин, еден од најголемите познавачи и истражувачи на македонското книжевно и ракописно наследство

 

 

 

Покрај неговата дејност во Загреб и во Белград, Мошин бил раководител на историското одделение при Архивот на Македонија, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на Катедрата за словенска култура при Институтот за проучување на словенската култура во Прилеп. Научното и истражувачко дело на професорот е големо и содржи 250 библиографски единици. За македонската наука е значајно тоа што го објавил македонското евангелие на Јован, фототипско издание со увод, во кој е дадена палеографска и лингвистичка анализа. Професор Мошин, човек со енциклопедиски знаења и вљубеник во вистината, починал во 1987 година во Скопје.

 

Словенските ракописи во Македонија

Во 1971 година Мошин го објавил своето научно истражување насловено „Словенските ракописи во Македонија“, во кое го обработува македонското ракописно богатство. Според него, Македонија е земја на првото запознавање на словенските просветители Кирил и Методија со словенскиот јазиклулка на словенската писменост, на чие творење се труделе првите ученици и соработници на солунските браќа Климент и Наум.

 

„Јадро на Самуиловата држава, коja во последната четвртина од 10 век го опфаќа и Преслав, центарот на бугарската просвета во т.н. златно време на Климентовите современици Јован Егзарх и Константин Презвитер; место од каде што во времето на Владимир Свети, Самуилов советник, се врши христијанизацијата на Русиja, се испраќаат на покрстените источнословенски браќа словенски свештеници со словенски книги  – сега е, поради историските околности, можеби најсиромашна од сите словенски земји со ова старо ракописно богатство.“ – пишува Мошин.

 

Тој нагласува дека низ вековите македонските ракописи ја ширеле светлината на најстарото кирилометодиевско наследство кон северозапад на Балканот во зетските, босанските и хрватските области во пресрет на западната традиција, што струеше од моравско-панонското подрачје.

 

Македонските ракописи им служеле како пример на српските препишувачи од немањичкиот период. Во времето на културниот подем во Русија во 14 и 15 век, кога се обновува старата писменост и се формира нова книжевност, заедно со српските и бугарските книги македонските ракописи го шират во Киев и второто јужнословенско влијание. – нагласува Мошин.

 

„На Турците им беше сосема сеедно, кој ќе се интересира за културните споменици на нивната раја и кој каде ќе ги носи. Ослободените Срби и Бугари во своите држави тогаш отвораа народни библиотеки и музеи по европски примери, собирајќи за нив богатство по сите свои краишта, но и надвор од нивната земја. Македонија беше најдостапен извор  за грабање. Немаше тука држава, ни национална власт, немаше своја народна црква, ни друга организирана сила на народот, која би можела да го спречи изнесувањето на културните споменици од земјата.“ – посочува Мошин.

Македонското евангелие на поп Јован

 

Евангелието на поп Јован е македонски средновековен ракопис, за кој се верува дека потекнува од крајот на 12 век или почетокот на 13 век. Денес се наоѓа во архивот на Хрватската академија на науки и уметности во Загреб. Ракописот ѝ припаѓа на т.н. Михановиќева збирка. Ракописот се состои од 133 пергаментни листови. Своето име го добива по преписката на поп Јован. Јазичните особености укажуваат на неговото западномакедонско потекло.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа