Рускиот патријарх Кирил го цени како нецивилзиациски чин протерувањето на Архимандритот Васијан Змеев од Софија, апостапката на бугарските влсти ја нарече сатанистичка. Руската црква објави став на Патријархот Кирил за случајот со подворјето на РПЦ во Софија, во кој Кирил најавува назначување на нов свештеник за храмот во Софија.
Претставникот на Руската православна црква ја извести Неговата Светост Патријархот Бугарски и Митрополит Софиски дека Светиот Синод на Московската патријаршија наскоро ќе назначи нов ректор за што побрзо да се отворат вратите на рускиот метохион. Во писмото има и молба да му се помогне на свештеникот во претстојниот аранжман во Софија. На крајот од својата порака, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил изрази уверување дека политичките сили, зад кои стои непријателот на човечкиот род, нема да можат да ги уништат вековните врски на љубовта и братството во Христа, стои во соопштението на РПЦ.
Во писмото одговор од поглаварот на РПЦ стои дека одлуката на бугарските власти е без преседан во модерната историја, а Патријархот длабоко жали за употребата на понижувачки и дискриминаторски мерки против свештенството „со очигледна цел да се нарушат пријателските односи меѓу братските народи. и сестринските цркви“.