Favourites 22 m
Ми пишуваа луѓе, објави за малиот со аутизам што го врзувале.
Ми праќаа скриншотови од оние кои го открија случајот, изјави од драгата Ребека…
Објави, објави….
Како мислите да објавам?
Дали мислите после оној монструозен чин со онкологија и крадењето на терапијата од пациентите за да ја продаваат на црно на Косово, кога на вториот протест се појавиме три четири цивили и десетина жени болни од рак, има нешто смисла?
Дали било што има смисла во овој зоолошки парк за ЕУ експерименти?
Па кај нас не треба да има денови од понеделник до недела, а ни календар. Треба да има само еден ден во неделата и тој да биде Петок 13. Ние константно се будиме и живееме во Петок 13.
Го врзувале малиот?
Добро е и што им го вратиле назад кога дошла инспекција од ЕУ во болницата.
Оти следниот пат нема и да им го вратат.
Ќе го пратат негде како заморче… Со воз… По проверениот рецепт на Адолф Ајхман. И друг и трет, по него…
Затоа кога нешто монструозно ќе се случи благодарение на скапаната држава, народот излегува на улица да пали и тепа…
Ние лаеме и плачеме на фејсбук.
Како јас….
Како многу од нас….
Кога нема народ, нема ни држава.
Кога лошата власт не се плаши од народот, ги имате онкологија, кабелот во тетовската болница, имате врзување за кревети, имате Шпанска инквизиција и Среден век.
Ние сме во Средниот век, помирете се со тоа.
Наскоро ќе отрпнеме на се. И на умирање и на врзување и на тепање и побугарчување… И ќе биде подобро.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?