Генералштаб на Украина: Руските сили не нападнаа од повеќе страни 

КИИВ – Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили изминатиот ден извршиле напади во правец на Лиман, Бахмут, Авдеевка, Маринка и Шахтјорск.

 

На правецот Лиман, украинските сили ги одбиле руските напади, како и кај Бахмут, каде руските војници се обиделе да ја вратат загубената позиција во областа Андреевка, пренесува агенцијата Униан.

 

 

Се додава дека биле одбиени и нападите на руските сили во областа Маринка во областа Доњецк, како и во насока на Шахтјорск.

Украинските одбранбени сили продолжуваат да вршат офанзивна операција во правец на Мелитопол, како и офанзивни дејствија во правец на Бахмут, се наведува во соопштението на Генералштабот на украинската армија, пренесува Танјуг.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа