Словенечкиот весник „Единство“ (Edinost) од Трст отпечатил статија во декември 1903 година во којашто информира за поддршката што Чесите од сите политички струи ја искажале спрема македонскиот народ за време на неговата борба за национална слобода во Илинденското востание.
– „Во неделата на Жофинскиот Остров* во Прага се одржа голем собир на којшто Чесите ги искажаа своите симпатии спрема Македонците“, пишува весникот.
Во статијата се вели дека на собирот за поддршка на Македонците говореле чешките радикали и народните социјалисти од името на двете главни политички опции во Чешка наречени младо-Чеси и старо-Чеси.
Политичките опции во Чешка настанале откако народот, покрај чешката аристократија, се вклучил во политичкиот живот со формирање на („старочешката“) Народна партија предводена од Франтишек Ругер во средината на 19 век. Од неа подоцна се одделиле помногубројните младо-Чеси кои ги застапувале тогашните левичарски и прогресивни идеи, а биле формирани и други партии.
Hа собирот во Прага била изгласана резолуција во која Чесите изразиле сочувство кон „сродните Македонци” по повод загубите во борбите и репрсиите на отоманската војска и арнаутските башибозуци.
Резолуцијата го повикува чешкиот народ да им помогне на Македонците преку давање доброволни прилози.
* Жофинскиот Остров се наоѓа на реката Влтава во Прага. Островот е средиште на собири, конференции и други видови манифестации во градот. Собирот во поддршка на Македонците се одвил пред Жофинската палата, наречена според Принцезата Софија (Жофија на чешки) – мајка на австрискиот император Франц Јозеф I.
ИЗВОР: “Čehi za Makedonce”, Edinost, številka 297, Trst v sredo dne 23. decembra 1903, str. 2. —-/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?