Се помирија крилата на Таче и Заев? Заев седна на иста маса со Ковачевски

Ковачевски и Заев на состанок на стратешкиот тим на СДСМ

СДСМ денес одржа координативен состанок на стратешкиот тим, објави премиерот Димитар Ковачевски на својата фејсбук страница.  Во координативниот тим покрај Ковачевски се и поранешниот премиер Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.
-СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат, објави Ковачевски.
Тој понатаму пишува дека на состанокот се разговарало во насока да направат  сè за да овозможат целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата мнозинството граѓани Македонија да стане полноправна ќленка на ЕУ.
-Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации. Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина, објави Ковачвески.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа