ЕВЕ ДОКАЗ ДАЛИ МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ОД 1945! АНГЛИСКИ ВЕСНИК ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНЦИ ВО 1903

„ПРОГОНЕТИ МАКЕДОНЦИ“ – 1903 г.
Весникот „Ејџ” (The Age) во јуни 1903 година објавил кратка вест под наслов „Прогонети Македонци“ во којашто се вели дека Хусеин Хилми паша осудил без судски процес 103 македонски и бугарски учители и трговци на прогон во Триполи (во тогашниот истоимен вилает) или во Јемен, во јужна Арабија.
Лицата биле осудени врз основа на тоа што Хилми паша сметал дека тие се „опасни водачи меѓу револуционерите“.
Хилми паша во текстот е опишан како „специјален административен претставник на султанот“ Абдул Хамид II во Македонија, тогаш потчинета на Отоманското Царство. Tој ја вршел должноста на главен инспектор во Македонија.
Стравот од буни и востанија на залезот на Отоманското Царство, какво што впрочем било македонското Илинденско востание од таа година, бил голем. Следствено, претставниците на султанот се обидувале да делуваат превентивно и преку жестоки мерки да продолжат да го држат македонскиот народ во покорност.
И покрај султановата забрана за употреба на името Македонија (и Македонци) со амин на големите сили, западниот печат сепак ги ословува Македонците со нивното име и јасно ги идентификува како одделен народ од Бугарите и од останатите народи.
ИЗВОР: “Exiled Macedonians,” The Age, June 3, 1903, pg. 5.
Сите реакции:

Kuzman Mato, Stiv Veselinovski и 43 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа