СЕГА ДЕФИНИТИВНО Е ГОТОВО: Дуда ја спореди Украина со давеник и рече дека нема да дозволи Полска да ја земе со себе!
Полскиот претседател Анджеј Дуда ја спореди Украина со „давеник кој се фаќа за сламки“.
„Дали треба да се заштитиме од давење (за да не нè повлече со себе на дното)? Секако дека треба, бидејќи ако и ние потонеме – нема да има кој да му помогне на давеникот“.
Тензиите меѓу Варшава и Киев се појавија откако евтините украински земјоделски производи го преобликуваа европскиот пазар и банкротираа многу фарми во Полска.
Затоа Варшава воведе забрана за увоз на украинско жито и други земјоделски производи. Подоцна овој пример го следеа и другите источноевропски земји. Европската комисија им даде право на Полска, Унгарија, Словачка, Бугарија и Романија да го забранат увозот на украинска пченица, пченка, семе од репка и сончоглед.
Сепак, од 15 септември, Европската комисија делумно го укина тоа право на забрана. И покрај ова, Полска, Словачка и Унгарија имаат намера да продолжат со ограничувањата.
За возврат, Украина најави дека ќе се жали до Светската трговска организација (СТО) и на 19 септември поднесе тужби против Полска, Словачка и Унгарија за забрана на увоз на нејзиното жито.