ЛЕГЕНДАРЕН АМЕРИКАНСКИ НОВИНАР: „Војната во Украина заврши! Русија победи, а Белата куќа сето тоа го крие“

 

Русија победи во конфликтот во Украина, но Белата куќа и западните мејнстрим медиуми продолжуваат да лажат за тоа, изјави анонимен извор од американската разузнавачка заедница на познатиот новинар Сејмур Херш.

 

Има значајни елементи во американската разузнавачка заедница, кои се потпираат на извештаи од теренот и техничко разузнавање, и кои веруваат дека деморализираната украинска армија се откажала од можноста да ги надмине силно минираните трислојни руски одбранбени линии, пишува Херш на неговиот блог „Сабстек“.

 

 

„Војната заврши. Русија победи. Нема повеќе украинска офанзива, но Белата куќа и американските медиуми мора да ја поддржат лагата“, го цитира Херш својот анонимен соговорник на „Сабстек“.

 

Неговиот соговорник посочува дека главните елементи на украинската армија, по „страшните“ загуби на опрема и персонал, како и незначителен напредок, практично ја откажале офанзивата без да ја најават.

 

Како што истакнува, се уште не се зборува за прекин на огнот бидејќи украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира на продолжување на конфликтот.

 

„Војната продолжува затоа што Зеленски инсистира на тоа. Во неговиот персонал или во Белата куќа не се зборува за примирје бидејќи не се заинтересирани за преговори со кои би се ставило крај на масакрот“, пишува Херш, повикувајќи се на разузнавачки извор.

 

Украинските војници повеќе не сакаат да умираат

Изворот на Херш додава дека сите изјави на Киев за успеси во контраофанзивата се лаги и дека украинските војници освоиле само расфрлани делови од територијата, а темпото на нивниот напредок се мери во метри неделно.

Познатиот новинар посочува дека ставот на неговиот соговорник е дека може да дојде до бунт во украинската армија доколку и се нареди да се продолжи со офанзивата.

„Точно е дека доколку на украинската армија и се нареди да ја продолжи офанзивата, војската би се побунила. „Војниците повеќе не сакаат да умираат, но тоа не одговара на глупостите напишани од Белата куќа “, предупредува соговорникот на Херш.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа