![➡️]()
На 9 август 1946 година Бугарија официјално ја признава македонската нација, македонскиот јазик и правото на обединување на Пиринска Македонија со НР Македонија.

Демографските податоци од 1946 година во Бугарија покажуваат дека мнозинството од населението во пиринскиот дел на Македонија се декларирало како македонско.
![➡️]()
На пописиот од 1956 година 63,7 % од жителите се декларирале како Македонци.

Со признавањето на македонската нација и јазик во пиринскиот дел од Македонија започнува период на културна автономија и афирмација на македонските национални културни и јазични вредности. Македонскиот литературен јазик и националната историја се воведени во образованието.
![➡️]()
Речиси 32.000 ученици се опфатени со наставата на македонски јазик. Освен месниот учителски кадар биле испратени учители од НР Македонија.

Во 1947 година во Горна Џумаја ( денес Благоевград) биле отворени првата македонска книжарница и македонска читална, а нешто подоцна и обласниот Македонски народен театар.
![➡️]()
Од печат почнале да излегуваат и весниците на македонски јазик: “Пиринско дело“. “ Нова Македонија“, “Млад борец“ и др.

Основани се и македонски литературни кружоци и културно – уметнички друштва кои ја шират македонската култура.
![➡️]()
По донесувањето на резолуцијата на Информбирото во 1948 година, а особено по 1956 година, бугарската држава го менува својот однос кон македонското малцинство и повторно го негира постоењето на македонската нација и македонскиот јазик.

Македонското име и македонскиот јазик се забранети. Македонците биле сметани за Бугари, а македонскиот јазик за дијалкт на бугарскиот. Македонскиот јазик бил исфрлен од употреба во образовниот процес, а учителскиот кадар бил протеран од Пиринска Македонија.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?