ЧЛЕН НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ВО БРИТАНИЈА УШТЕ ВО 1894 ГИ ПРЕПОЗНАЛ МАКЕДОНЦИТЕ: ОВИЕ ЛУЃЕ СЕ РАЗЛИЧНИ ОД БУГАРИТЕ, СРБИТЕ И ГРЦИТЕ И ГОВОРАТ НА НИВЕН МАЈЧИН ЈАЗИК
Британската дипломатија препознала видлива разлика уште во 1894 година меѓу луѓето што живееле на територијата на Македонија од оние во Бугарија
Извадок од писмо од сер Филип Кари, амбасадор на Велика Британија во Константинопол, до грофот од Кимберли, државен секретар за надворешни работи на Велика Британија, од 10 ноември 1894 година, за патувањето на Ц. Н. Елиот низ Македонија
Имам чест да испратам до Вашето лордство препис од еден многу интересен извештај доставен од г. Елиот за неговото неодам нешно патување низ Македонија. Константинопол, 10 ноември 1894 година (Бр. 513)…
Прилог кон бр.1
Извештај од г. Елиот за неговото патување низ Македонија…
***
„…Нема сомневање дека мнозинството чисти Бугари во земјата се населени во областите што се наоѓ на јужната граница од Кнежевството, а чистите Срби во северните делови Косовскиот Вилает. Јужно, т.е. во Битолскиот и во Солунскиот Вилает најголемиот дел од населението претставува словенска раса која не зборува ниту бугарски ниту, пак, српски…”
“…Меѓутоа, две причини ја прикажуваат Егзархијата понепопуларна отколку што можеше да се очекува. Прво, јазикот што тие го користат е бугарскиот јазик од Софија, и иако селанството подобро го разбира овој јазик отколку грчкиот, тој, во суштина, не е нивниот мајчин јазик и тие не го разбираат целосно….”
***
Сите реакции:
Jovica Nofe Bebekoski, Афродита Мишева и 306 други
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?