ЕВЕ УШТЕ ЕДНА ПРИЧИНА ЗОШТО СЕ СЛАВИ НЕЗАВИСНОСТ НА 8 МИ СЕПТЕМВРИ! ТОКМУ НА ОВОЈ ДЕН Е УБИЕН ПРВИОТ БУГАРСКИ ФАШИСТ ВО МАКЕДОНИЈА

May be an image of 1 person

ХЕРОИТЕ ОД 8 СЕПТЕМВРИ 1941 – ПРЕДВЕСНИЦИ НА ВОСТАНИЕТО ОД 11 ОКТОМВРИ 1941
На денешен ден 8 Септември 1941, двајца Македонци убиваат двајца бугарски фашисти и со тоа го започнуваат вооружениот отпор против фашизмот во Вардарскиот дел на Македонија.
Кон крајот на Август 1941, ЛАЗО ФИЛИПОВ – ЛАВСКИ добива задача да го испита Богомилскиот тунел под планината Бабуна, Велешко, кој требало подоцна да биде миниран.
На 8 септември 1941 Лавски тргнува заедно со уште тројца македонски партизани, но кај тунелот наидуваат на бугарска стража.
Бугарскиот стражар ги застанал и им побарал лични документи, но наместо документи Лавски го извадил револверот и го убил стражарот.
Тоа е првиот убиен бугарски фашист во Вардарскиот дел на Македонија.
Ноќта на 8 Септември 1941, бугарската фашистичка полиција ја блокирала куќата на Водно, Скопје во која се наоѓал БОРО ПЕТРУШЕВСКИ откако дознала за неговите илегални активности.
При обид да биде уапсен, младиот Македонец ќе убие еден бугарски фашист, успева да ја пробие блокадата и да исчезне во ноќта, а потоа се приклучува на Скопскиот партизански одред.
Подоцна и двајцата ќе загинат во борба против бугарските фашисти и албанските балисти, Лавски на 24 години во Март 1942 а Петрушевски на 23 години во Април 1943.
ВЕЧНА ИМ СЛАВА НА МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ – ПРЕДВЕСНИЦИ НА ВОСТАНИЕТО НА 11 ОКТОМВРИ !
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа