СО СРЕЌА НЕКА ИМ Е НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ АРАМИИ ШТО ГО ИСПОКРАДОА НАРОДОТ! ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОТПИША СПОРНИОТ УКАЗ СО КОЈ ЌЕ ЗАСТАРАТ 12 ПРЕДМЕТИ НА СЈО

Пендаровски реши да ќе ги потпише измените на Кривичниот закон

 

Претседателот Стево Пендаровски одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, информираат од претседателскиот кабинет.

 

Додаваат дека со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот.

 

– Во тој дел, измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела, се вели во текстот до медиумите.

Претседателот Пендаровски очекува мерката проширена конфискација на имот да не остане само на хартија како што е досега, туку многу почесто да бидеприменувана во пракса и во сите случаи на констатирани злоупотреби во вршењето на службата, незаконски стекнатата имотна корист и злоупотребените средства да бидат вратени во буџетот, велат од неговиот кабинет.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа