Развојот на генетиката ќе овозможи да се добие оружје кое има страшна разорна моќ, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Путин ова го изјави за време на неформалниот разговор со ученици по отворениот час „Разговор на важното“ одржан на 1 септември.
Ученик од Новосибирската област Глеб Јегоренков побара од шефот на руската држава да ја воведе генетиката во образовната програма, барем како изборен предмет.
„Генетиката е многу важна и опасна, велат експертите. Велат дека оние кои предничат на полето на генетиката ќе имаат оружје со страшна разорна моќ“, рече Путин, пренесува „Русија 24“.
Рускиот претседател истакна дека е важно да се обезбеди развојот на генетиката да не стане закана за човештвото.
„Тоа нема да се случи овде“, заклучи рускиот лидер.