<img ” src=”https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.6435-9/39747750_2199857990258608_4307954186181410816_n.jpg?_nc_cat=108&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=BrAhG1ROp5IAX-gmdRK&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AfD5Q-RO79Plhoun4tpXS88_KlOGMDeRHDVce4ddyoohxA&oe=651127D5″ alt=”Нема опис за фотографијата.” style=”display:none”>
Швајцарскиот лингвист Фердинанд де Сосир, во XIX век доаѓа до откритие за јазиците:
“Пред латинскиот јазик, постои период во кој грчкиот и словенскиот се во заедништво пред да се поделат. Што ја докажува историјата на јазични семејства, како потребна. “ – Фердинанд де Сосир
Според истражувањето на Симоновска, многу светски истражувачи и лингвисти во светот тоа го занат, во 19 век се цитираат германски и руски лингвисти кои ги објавуваа овие сознанија, но најчесто тоа ги прати како клетва, по изјавата некои од нив веднаш пострадаа. Еден од нив е англискиот лингвист Мајкл Вентрис.
Македонскиот е најстар кодиран јазик со најстара азбука,а словенското име е накалемено подоцна, е нејзината констатација.
Македонскиот јазик е единствениот, документиран и евидентиран јазик, досега, назад многу илјадолетија.
Од еден поново откриен и успешно дешифриран натпис на камен, се гледа дека зборот Македонија има 77.000 години старост. Овој натпис е пронајден на многу неочекувано место, на јужниот крај на африканскиот континент во археолошкиот локалитет, пештерата Бломбос, Јужна Африка, за кој пишуваше Васил Иљов.
„Какво име е Трајан?
Трајан императорот?“, прашува Симоновска- „ќе откриете дека името е со непознато потекло и дека не се знае значењето, ако истражувате подлабоко. Но, ние , Македонците го препознаваме“.
Според македонската традиција, името Трајан им се ставало на деца во семејства каде не можеле да имаат деца, па Трајан се дава како име на дете да биде благословено со името кое го носи за да живее, за да трае“.
Симоновска објаснува и анализира англиски, меѓународни зборови и топоними низ призмата на македонскиот јазик.
Книгата “Македонскиот јазик, Потекло на јазикот, Коренот на зборовите”, напишана на англиски јазик, на преку 350 страници и со преку 2.000 општо познати именки, глаголи, придавки др, го дава македонското, алтернативно толкување на етимологијата и јазикот воопшто. Сегменти од македонската цивилизација како и култура се внесени.
„Низ Библијата се споменува Каин, кој подоцна по убивањето на својот брат се покајал. Ако за сите други е неразбирливо, за македонците е разбирливо зошто на овој лик му е дадено името Каин. Или библиската книга по Јеремија, кој живеел и пред времето на Александар Македонски, каде според приказната во библијата Господ му рекол да носи јарем околу вратот за да го прикаже вавилонското ропство. Јарем е збор кој го препознаваат македонците.“
Низ примерите кои се детално анализирани и опишани низ книгата на Симоновска, се споменуваат многу зборови кои се одомакинети низ светските јазици, за кои нема појаснување и не се разбирливи за другите, се за македонците.
Името на „Аспасија“ (била девојка на Перикле), зборот „морал“, зборот „анемија“ (недостаток на првото важно нешто- а-нема), Брест (град во Франција, за кој французите немаат објаснување од каде му е потеклото и што значи, но нам ни е јасно, тоа е градот на Брестовите). За кремирање се користи кремен камен, и зборот „кремирање е нејасен за светот.
Етимолозите обично го припишуваат потеклото на англиски и меѓународни зборови како да е од Коине и Латински. Овие два јазика и системи за комуницирање имаат животен век од околу две и пол илјади години. А што е со 5.000 години и 10.000 години пред тоа?
Непобитни се фактите за непрекинатиот континуитет на македонскиот јазик писменост и сеопшто македонската цивилизација стара преку 100.000 години.
Официјалната верзија за јазиците, која ја предаваат академските институции и школи во Македонија а, посебно во западниот свет во научните области историја и лингвистика вели дека на Македонскиот Полуостров се појавува дисконтинуитет. Со тоа сакаат да кажат дека до 6 век наша ера целото човечко население исчезнува и целиот полуостров е празен и не населен освен на сувите и суровите, неплодни острови на Егејското море заедно со остатокот на делот од Македонскиот Полуостров кој денес е под администрација на државата Грција.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?