„Посетата на премиерот на Косово Албин Курти на Албанска Македонија ја разбранува славомакедонската албанофобија. Но, Курти направи посета на своите албански територии, а тој дури и греши: би требал да оди и во Гостивар, Дебар и Струга, бидејќи и тоа се албански територии. Оние како Ковачевски, Вучиќ и Пендаровски немаат ниту право, ниту можност да ѝ се спротивстават на волјата на албанскиот народ! Бугарите имаат право да бидат дел од Уставот, но напоредно со тоа мора во него да се реши и прашањето на државотворноста на Албанците и отстранувањето на изразот ‘20 проценти’.“ – вели историчарот-Албанец и публицист од Македонија Еуген Шеху, во објавата на својот фејсбук-профил, на која и дава скандалозен наслов „Славомакедонските хиени…“!

 

 

Ваквиот тежок говор на омраза и навреда кон сиот македонски народ е пренесен со наслов „Посетата на премиерот Курти и славомакедонските хиени“ на порталот на информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА. Останува сега да се види дали надлежното Јавно обвинителство ќе изреагира и на кој начин по ваквите ставови изнесени на општествената мрежа фејсбук и пренесени широко во медиумскиот простор.

 

Во својата објава на фејсбук Шеху пишува: Славомакедонската албанофобија беше заспана во овие години со сервилната албаноговорна политичка класа, која и даваше удопство на славомакедонската власт во замена за некои индивидуални привилегии на одделни албаноговорни политички функционери. Во овие 22 години главните болни теми за Албанците, животно важни за нивната иднина никогаш не ги засегаа овие албаноговорни политички функционери.

 

Посетата на Курти уште еднаш покажа дека антиалбанскиот сојуз на словенската православна линија Белград-Скопје е функционален, но и донекаде прикриен под чадорот на наводниот „европеизам“. Реакцијата во хор на криминалецот од Белград и неговиот двојник од Скопје, опишувајќи ја посетата на Курти како злонамерна, го докажува стравот дека досегашната сервилна албаноговорна политика „ќе се лизне“.

 

Новите албански партии во опозицијата ќе треба да им ја покажат на Албанците досега скриената реалност:  Дали е решено дискриминаторското прашање „20 проценти“?;  Дали се Албанците државотворни во Уставот, или не?!;  Дали нивната застапеност во институциите е сразмерна со учеството во структурата на населението?;  Дали е правична распределбата на буџетот за општините и развојот на индустријата и инвестициите?;  Дали е решена децентрализацијата кога е знае дека * Македонија е најцентрализираната Република во регионот?!;  Дали албанскиот јазик се користи во сите државни институции на централно и локално рамниште?

 

На крајот на краиштата, премиерот на Косово Албин Курти направи посета на своите албански територии и беше пречекан не само од партиите, туку и од секоја гостољубива и патриотска куќа на Албанците насекаде. Тој дури и греши: би требал да оди и во Гостивар, Дебар и Струга, бидејќи и тоа се албански територии. Оние како Ковачевски, Вучиќ и Пендаровски немаат ниту право, ниту можност да ѝ се спротивстават на волјата на албанскиот народ!

 

Бугарите имаат право да бидат дел од Уставот, но напоредно со тоа мора во Уставот да се реши и прашањето на државотворноста на Албанците и отстранувањето на изразот „20 проценти“. Новите албански политичари мора да ѝ стават крај на политиката на сервилност и на тесните лични интереси.