На денешен ден се случила големата битка кај Радуша во која 70 полицајци победиа 700 терористи на УЧК

Можно е да е слика од 9 луѓе

Битка кај Радуша и агресија врз Македонија
10 август 2001 година.
70 полицајци против 700 терористи на ОНА и КЗК
Во раните утрински часови на 10 август 2001 година започнува офанзива на ОНА од територијата на Косово насочена врз реонот на Радуша. Офанзивата се случува за време на примирјето пред потпишувањето на Охридскиот договор. Првите борбени дејствија започнуваат во 20 часот вечерта со минофрлачки напад врз полициската станица во Радуша. Во станицата во тој момент се наоѓа само еден вод од триесет и пет полицајци. Во истото време биле нападнати и позициите на АРМ кај месноста Чашка. Терористите го извршиле нападот врз безбедносните сили од минофрлачки позициите во косовските села Кривеник и Горанци. Безбедносните сили возвратиле на огнот, и престрелката траела до 2 часот наутро. Еден час подоцна, ОНА почнува нов напад кој трае до 8 часот изутрината, и е одбиен од страна на припадниците на безбедносните сили. Во нападот, од шрапнели бил повреден еден војник кој се здобил со повреди во колкот и во раката.
Според информациите од Управата за безбедност и разузнавање нападот бил извршен од страна на 600 до 700 припадници на Косовскиот заштитен корпус, кој во текот на ноќта, од правецот на Кривеник на косовска територија, се префрлиле во Радуша. Според информации од Управата, планот за агресија од Косово врз секторот Радуша не се ограничувал само на тие дејствија, туку со ангажман на поголеми формации на КЗК било планирано да се заземе изворот Рашче и да се предизвика хуманитарна криза во главниот град на РМ.
Во Министерството за внатрешни работи веднаш се прогласува мобилна состојба и утрото на 11 август 2001 итно во реонот на Радуша е испратена Единицата за специјални задачи “Тигaр”. Специјалците имат задача да се пробијат до полициската станица и оттаму да ја извлечат загрозената единица, но заради силниот оган и веќе воспоставениот обрач од многубројниот противник тие се вкопуваат на позиции во непосредната близина на Радуша. Во меѓувреме, од утрото до околу 11 часот се засилува влегувањето на единици на КЗК по истиот правец од Косово.
Можно е да е слика од 9 луѓе
Сите реакции:

Marjan Trajkovski, Златко Крстевски и 43 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа