СВЕДОШТВА НА АБДУЛ ХАМИД: АКО НЕ ПОМОГНЕШЕ РУСИЈА НЕМАШЕ ДА ГО ЗАДУШИМЕ ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ!Русија инсистирала на ликвидација на Македонските револуционери,Македонските чети,Македонското Илинденско востание односно уништување на било какво Македонско движење за слободна и независна Македонија

Абдул Хамид II, oтоманскиот султан, лично сведочи и потврдува: Без Pycиja немаше да го задушиме Илинденско востание.
Царска Pycиja прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува востание и дека тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи руски разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија!
Рускиот министер за надворешни работи лично доаѓа во Софија на средба со Гоце Делчев и Ѓорче Петров, за да им каже дека Царство Русија е против создавање на македонска држава.
ЕКСКЛУЗИВНО: Kaкo Pycиja го зaдyши Илинден, I дел
Имено, во декември 1902 година, при својата посета на Софија, рускиот министер за надворешни работи, гроф Ламздорф, се сретнува со задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација, за да го изрази своето незадоволство од врачениот проект за автономија на Македонија. Притоа, министерот категорично инсистира да се разбие секаква помисла дека православна Pycиja стои зад македонските револуционери. Pycиja забегува до степен, да нарача целосна ликвидација на сите македонски револуционери, со цел да се спречи создавање на држава Македонија.
На 3 октомври 1902 година, рускиот министер за надворешни работи, гроф Ламздорф, со таен допис бара целосна ликвидација на македонските револуционерни одреди, како предуслов за барањата што треба да се поднесат кај турската влада за реформи во Македонија. Во писмото до Зиновјев, руски амбасадор во Цариград, Ламздорф потсетува дека револуционерното движење во Македонија е еден од значајните фактори што ја попречуваат примената на реформите и спроведување на руските интереси на Балканот.
Рускиот амбасадор во Цариград, во март 1903 година признава дека вложува големи напори за надминување на сите пречки за реформи, а за тоа секојдневно им се обраќа на султанот и Портата. Со телеграма испратена до царската влада во Петербург, амбасадорот Зиновјев потврдува дека „редовно и со задоволство“ го информира султанот за сите преземени мерки за „спречување каква и да е револуционерна дејност во Македонија“.
Pycиja ја мотивира Отоманската империја да прави што сака со Македонците, да убива и силува колку сака, само да го уништи Илинден!
Според телеграмата, Pycиja со полна доверба ѝ ја препушта на Отоманската империја слободата за дејствување против „македонските бунтовници“, залагајќи се за жестоко задушување на востанието. Во секој случај, Pycиja се согласила со илјадниците убиени старци, жени и деца, со палењето на стотици села и куќи, со десетиците илјади протерани Македонци од своите родни огништа. Во таа насока, со никаква „братска загриженост“, искажана подоцна, не може да се покрие дадената согласност за крваво задушување на востанието. А за тоа, во Петербург, не само што знаеле туку и директно учествувале со совети и разузнавачки податоци до отоманската армија и башибузук.
Самиот руски министер Ламздорф, залагајќи се за целосно уништување на македонските чети, изјавил дека негова желба е отоманската влада да ги уништи македонските комитети до корен. Според изјава на Ламздорф, самиот султан Абдул Хамид II сметал дека ѝ е должник токму на Pycиja за уништувањето на востанието и на четите што дејствувале во Македонија.
„Без Pycиja, признал султанот, не ќе можело така ефикасно да се уништи македонската револуција.“
Отоманскиот султан Абдул Хамид Втори, сам сведочи како ја уништил македонската револуција и Илинден. Тој испраќа десетици писма и телеграми со благодарност до рускиот Цар и Влада за помошта да го задуши Илинденското Востание.
При неговата посета на Македонија, во Солун посебно се заблагодарува на руските дипломати што помогнале со совети и тајни информации за позициите на македонските бунтовници, за нивните водачи и финансиски и воени ресурси.
ПРОДОЛЖУВА… ——/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа