ОГРОМНО ПРИЗНАНИ НА БУГАРСКИ ФИЛОЗОФ: БУГАРСКИОТ ЈАЗИК ПОТЕКНУВА ОД СТАРОМАКЕДОНСКИОТ

May be an image of text

Еден од водечките бугарски филилози и академици, Иван Шишманов,* во интервју во 1918 година признава дека таканаречениот од Бугарите „старобугарски“ јазик потекнува од едно македонско наречје.
– „Секој литературен јазик, пред да стане тоа, е – наречје. Во основата на старобугарскиот јазик лежи едно македонско наречjе (веројатно од околината на Солун). Новобугарскиот литературен јазик се равзил најмногу од средногорските наречја“.
ИЗВОР: в. „Камбана“, год. XI, София, събота, 11 априлъ, 1918 год.
ФАКТИ: Бугарскиот јазик што го зборувале етничките Бугари на хан Аспарух, припаѓа на туркиското (туранското) семејство на јазици.
Денешниот официјален јазик во Бугарија пак припаѓа на словенското семјество на јазици. Отпрвин, тој јазик бил наречен „словенобугарски“ за потоа да го официјализираат само како „бугарски“ кога го издигнале на ниво на литературен јазик.
Меѓутоа, два различни бугарски јазици не може да има. Следствено, во обид да прикажат дека јазикот кој го нарекле бугарски, а кој потекнува од Македонија, има корен, Бугарите се расфрлаат со ново-исковани термини како “старобугарски“, „новобугарски“ и сл. А, вистинскиот бугарски јазик, тој на етничките Бугари на ханот Аспарух, го нарекле „пра-бугарски“. За на крај да дојдат до фактот дека коренот на денешниот им јазик е македонски.
* Иван Шишманов (1862 – 1928) е бугарски филолог, писател, универзитетски професор, политичар и амбасадор.
Шишманов студирал во Виена, Женева и Јена, а докторирал филозофија во Лајпциг. Тој е еден од основачите и професор на Високото училиште во Софија. Бил член на Бугарската академија на науките (БАН) и уредник на неколку списанија.
Од 1903 до 1907 година, Шишманов бил Министер на просветата на Бугарија, а по одреден престој во странство се вратил да работи на Софискиот универзитет. —/
May be an image of text
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа