Антон Великов, познат и како Алекси Беломорски
(роден на 13 мај 1913 во Драгостин, Неврокопско, Пиринска Македонија — починал на 5 мај 1975 во Софија, Бугарија)
Бил член на Македонскиот Литературен Кружок и на уште два последователни ннаследни кружока, во кои единствена цел им била борбата за права и слободи на македонскиот народ. Ова сведоштво кое го пренесуваме е неговото прво среќавање со поимот Македонец и Македонија, на негова 7-годишна возраст.
Па, сега замислете си до кој степен им се шири наци-фашистичка литература и и сторија на Бугарите, за да со цел памет денес да не негираат и велат дека не постои Македонски народ.
“Беше одамна, можеби во 1920 година. Едвај ја навршував седмата година. Во селото дојде калуѓер од манастирот над Неврокоп. Раскажуваше дека пред тоа бил во Света Гора, кај многуте манастири на полуостровот Халкидики, недалеку од Солун. Откако се најдоа со татко ми, веќе побелениот маж со црна калимавка и расо ме погали по главата и рече:
“Ој, какво русокосо Македонче!”
Кога калуѓерот си замина, ги запрашав родителите:
“Што е тоа Македонче?”
“Зошто ме нарече така?”
-“Зошто нашата земја се вика Македонија. Земја страдалница, натопена со многу крв и солзи!”, ми објасни мојот неук татко, кој ниту еден ден не одел на училиште и продолжи:
“А, ние сме си чисти Македонци. Ни Турци, ни Грци, ни Бугари – никој не може да не натера да се откажеме од својот народ!”
Полна е со непрочитани детали и сведоштва за македонското битисување под бугарскиот јарем, сведоштва за злоделата на Ванчомихајловистичките “комити”, кои денес на големо некој фејсбук историчари ни ги хвалоспеваат како македонски дејци и патриоти. За жал немаме сеуште видено фотографија од овој македонски деец.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?