ЗЕЛЕНСКИ ПРОГЛАСИ ГОЛЕМА ПОБЕДА: Руските сили ги напуштаат позициите, Украинците напредуваат неодоливо, задаваат ТЕШКИ УДАРИ (ВИДЕО)
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во четвртокот вечерта објави дека украинските сили го зазеле селото Старомајорска во Доњецката област од Русите.
– 35-та бригада и доброволниот баталјон „Аре“ го ослободија селото Старомајорска. Слава на Украина! Слава на хероите! – се слуша на снимката што ја објави Зеленски на неговиот канал Телеграм.
Украинскиот претседател додаде кратка порака.
– Нашиот југ! Нашите војници! Слава на Украина – напиша Зеленски.
Старомајорска се наоѓа во крајниот западен дел на регионот Доњецк, јужно од група мали населби кои Украина веќе ги зазеде од почетокот на нејзината контраофанзива на почетокот на јуни.
Веста дека украинските сили го зазеле селото доаѓа само еден ден откако портпаролот на украинските вооружени сили Андриј Ковалев изјави дека нивните сили зазеле позиција во близина на селото. Ковалев претходно денеска изјави дека се водат тешки борби и дека руските сили трпат загуби и ги повлекуваат резервите.
Видеото од населбата покажа дека руските војници ги напуштаат своите позиции.
Заменик-началникот на Националната гарда на ДПР, Александар Ходаковски денеска извести дека вооружените сили на Украина ја искористиле предноста на фронтот и ги протерале руските војници од Старомајорска и ја претвориле населбата во куп скршени тули.
Украинските воени дописници јавуваат дека борбите продолжуваат во атарот на селото Старомајорска на запад и североисток од него.