(ФОТО) Погледнете како се прави со тие што ви исклучуваат струја за 2 сметки! Вработени во ЕВН јадоа ќотек во Куманово?
Револтирана група на жители на селото Оризари, бидејќи од вчера немаат струја, утрово насилно влегла во просториите на ЕВН во Куманово, велат извори од Електродистрибуција за Плусинфо.
Според информациите кои пристигнаа до нас во моментов жителите на Оризари бараат од Електродистрибуција веднаш да биде отстранет проблемот и тие да добијат електрична енергија, без разлика што дефектот поради кој ова село остана без струја е несовесното однесување на слупчанци, поради кое повеќе села од овој регион вчера беа напојување. Екипите на Електродистрибуција се спречени од жителите на Слупчане да влезат во селото и да го отстранат дефектот.
Според информациите од терен, поради насилниот влез во зградата на ЕВН во Куманово, од Електродиструбуција биле принудени да повикаат екипи на МВР кои веднаш пристигнале и извадиле револтираните жители на Оризари надвор од просториите на компанијата.
– Вработените на КЕЦ Куманово ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа. Се до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар на ЕВН – Куманово нема да работи – велат од ЕВН за Плусинфо.
Од ЕВН нѐ информираа дека по вчерашниот упад на жителите на Слупчане во трафостаниците на ЕВН, селото но и Оризари се сѐ уште без напојување.