АЈДЕ ДА МУ КАЖЕМЕ НА БУЈАР КОИ СЕ МАКЕДОНЦИТЕ! ДЕНЕШНА АЛБАНИЈА БИЛА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА! АЛБАНЦИТЕ СЕ КОЛОНИЈА ДОВЕДЕНА ОД ИТАЛИЈА ВО 1042 ГОДИНА
Цариград, ( Ромеја – Источнaта Римска Империја – Вториот Рим ) со цел да го разбие етничкото единство на Македонците, во нивната татковина населил туѓи колонисти.
Михаил 4 во 1042 г. ги пренел Aлбанците од јужна Италија на Македонскиот Полуостров (Балканот) и ги населил во месноста Арбан, за да ги прекине и ослаби овoj дел на народoт и нивните врски.
Јован Звонара во својата “Хроника” ќе забележи дека во 1064 година:
“Узите (турска група племиња ), преминувајќи го Дунав, ја преполовиле сета земја покрај реката. Имало, како што велат, 60.000 души, такви што можеле да носат оружје. Оттука упаднале во Македонија, ја заплениле и стигнале до Ахаја“.
Населување на Албанците во Македонија
Многу често од албански историчари и политичари слушаме дека албанците биле автохтон народ во Македонија, НO, тоа воопшто не е точно. Сите историски извори го тврдат сосема спротивното, односно дека Албанците се најдоцните дојденци во Македонија, дури турците се дојдени порано отколку првиот дојденeц албанец во Македонија. Историските сведоштва говорат дека првите Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на 18 век. И секој човек кој логично размислува и има малку познавања од македонската топонимија и археологија, ќе знае дека сите населени места каде денеска живеат Албанци некогаш биле чисти македонски места, со македонски топоними, со македонски цркви и гробишта, без никакви пишани историски извори или археолошки наоди од албанци се` до половината на 18 или 19 век. Каде има албански џамии или цркви, албански гробишта од 17 век во тетовско, госитварско, дебарско, струшко, скопско, кумановско?! Никаде!
Според отоманскиот попис на населението од 1430-1431 г., во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но сепак во многу минорен број. Во отоманскиот попис од 1452-1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје. Овие албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како АРНАУТИ или АРБАНАСИ, како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или “Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.
Отоманскиот попис од 1467-1468 г. забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети:
Попис 1467-1468 г.
Вилает Калканделен (Полог) 20 домаќинства
Вилает Ускуп (Скопје) 2 домаќинства
Вилает Пирлепе (Прилеп) 10 домаќинства
Вилает Ќипрјули (Велес) 3 домаќинства
Нахија Крчово (Кичево) 7 домаќинства
Нахија Мариово 1 домаќинство
Нахија Манастир (Битола) 41 домаќинство
Извор: ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485Првите шест албански села во Македонија
Албанците дошле на границите на Македонија во 1572 г. Французинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку како што лично запишал “албански групи на убијци и разбојници“ во 1572 г. . Во 1595 г. за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка тајфа која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38].
Според отомански документ од 1597 г., околу 10.000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во 6 од тие села, во дебарската област, се заселиле првите Албанци во Македонија. Значи, прво населување на Албанци во македонско село, временски датира 3 години пред почетокот на 17 век и тоа било во областа на Дебар.
Албанско населување во скопската област
Во отомански документ од 1595 г. за прв пат е забележано присуство на “арнаутски разбојнички групи“ во скопската област, но без албанско населување.
Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17 век (Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, “Македония. Етнография и статистика” (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19 век било чисто македонско село, во Љуботен албанците навлегнале на крајот на 18 век (пак таму, Васил Кънчов, “Македония. Етнография и статистика”, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Германскиот патувач Хан во втората половина на 19 век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австријските војни, што е крајот на 17 век (Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.).До 20 век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и 19 век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане (Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, “Македония. Етнография и статистика”, Част първа. Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Во Скопското поле првите албанци се спуштиле дури во 19 век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец, кој етапно доселувал албанци од северна Албанија. [ J. Трифуноски, Скопско Поље, 358.]