АЈДЕ СИТЕ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ! АПАСИЕВ ОД ПЕТНИ ЖИЛИ СЕ ТРУДИ ДА ГИ НАМАЛИ ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ

 

„Членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката е збунувачкиот член кој ги создаде сите недоумици после одлуката на Уставниот суд од месец март годинава, со која платите на функционерите се покачија за неверојатни 78%.
Цениме дека забуната е настаната со толкувањето на овој член, односно во ‘просечно исплатената месечна плата’. Имено, Министерството за финансии толкува дека тоа е БРУТО плата, додека ние мислиме дека граматичкото толкување треба да биде ‘просечната исплатена НЕТО плата по вработен’, бидејќи ако гледаме трудово-правно, исплаќањето на платата или платата која работникот ја носи дома е НЕТО платата, а не БРУТО платата.“
🔺Како единствена политичка партија која потегна иницијатива за намалување на функционерските плати, сметаме дека е крајно лакомо и недозволиво во услови на растечка сиромаштија и зголемена класна раслоеност, функционерите да бидат привилегирани во однос на обичните граѓани.
‼️Со одбивањето на оваа иницијатива на Левица, Власта повторно докажа дека работи исклучиво за својот личен интерес и дијаметрално спротивно на интересот на граѓаните, па така, функционерските плати остануваат зголемени за вртоглави 78%.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа