Сте чуле ли за оваа македонска божица? Името и е Ирена и потекнува од старомакедонскиот коине јазик, а значи мир

Сте чуле ли за оваа македонска божица? Името и е Ирена и потекнува од старомакедонскиот коине јазик, а значи мир

ДРЕВНОМАКЕДОНСКО ИМЕ: ИРЕНА
Претходно во папкава говоревме за ЅИРЕНА / ЅЕЈРЕНА – древномакедонската божица на убавината, љубовта и плодноста. Според речникарот Хезихиј од Александрија кој живеел во 5. век н.е., тоа било македонско божество. А, според современиот и светски познат хеленист од Холандија, Роберт Бекас, именката „сирена“ е пред-хеленски, не-грчки збор. Очигледно овој збор е изворно македонски и има поврзаност со македонската божица Ѕирена.
Бекас вели и дека поимот ИРЕНЕ / ЕЈРЕНЕ има ПРЕД-ХЕЛЕНСКО, т.е. НЕ-ГРЧКО потекло. Тоа значи – нема грчка етимологија. Но, се знае дека оваа именка означува – „мир“.
(ЛИТЕРАТУРА: Robert S.P. Beekes, “Etymological Dictionary of Greek,” Boston, Brill, 2009, p. 391. – “No etymology; Pre-Greek origin is very probable, principally because of the ending”.)
Тоа значи дека и името ИРЕНА има ПРЕД-ХЕЛЕНСКО т.е. НЕ-ГРЧКО, а МАКЕДОНСКО потекло.
Се работи за 2 различни божества. Ирена била античка божица на мирот. Не велиме дека тоа е само хеленско или само македонско божество, оти се среќава и кај двата народа. Но, тоа не значи дека ИРЕНА е изворно хеленско божество.
За споредба, Ѕирена е исклучиво македонска божица. Во грчката митологија ја имале Афродита.
Зборот „ирене“ се содржи и во фразата „Коине ирене“ што значи – „Општ мир“. Таков договор е Коринтскиот општ мир со којшто Филип Втори Македонски во 337 г. пр.н.е. се прогласил за хегемон – врховен владетел над Хелените. Но, Филип не сакал да го смени општествениот поредок и уредувањето во потчинетите хеленски државички. Тој не сакал да го промени нивниот живот и култура и да им ја наметне македонската монархија… Тие и натаму имале делумна самоуправа и потполна слобода, како внатре во полисите, така и во пловидбата во Егејското и Средоземното Море. Не му плаќале данок на врховниот владетел, ама не смееле ни да се бунтуваат против него, да склучуваат нови сојузи – ниту меѓу себе, ни со други држави. Не смееле ни да војуваат меѓу себе… Било забрането и насилно менување на власта во кој било полис, ослободување робови, враќање стари и протерување идни политички бегалци, насилно одземање имоти и менување на границите… Со сѐ тоа, Персија ја губи улогата на господар над Хелада. Македонија била новиот господар на целиот наш полуостров.
(ЛИТЕРАТУРА: Наде Проева, „Историјата на Аргеадите“, Скопје, 2004.)
Изворите говорат – името Ирена или Ирина било доста застапено меѓу Македонките и жителките на Солун. Од ранохристијанскиот период, на пр., ја имаме Светата Велико-маченица Ирина Солунска Македонска, која живеела во втората половина на 1. век и почетокот на 2. век н.е. Во Православниот календар, нејзиниот ден е 18 мај.
(ИЗВОР: Интернет-страницата на МПЦ-ОА.)
Написот продолжува… —–/
Можно е да е слика од текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа