СТЕФАН ДЕДОВ: „МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ” – 1902 г.

СТЕФАН ДЕДОВ: „МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ” – 1902 г.

СТЕФАН ДЕДОВ: „МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ” – 1902 г.
Српскиот шовинистички печат од пред еден век, со своето негирање на Македонците, е типично оружје на српскиот наци-шовинизaм и пропагандата од тоа време. Конкретно во случајов, оние Македонци кои одбивале да делуваат како „јужни срби“ или „старо-србијанци”, биле доживувани како „неблагодарни“ кон српската држава.
Весникот „Србин” во 1902 година објавил статија во којашто го пренесyвa ставот на македонскиот национален деец Стефан Јакимов Дедов (1869 – 1914) за посебноста на македонскиот народ и стремежот кон македонскиот национален идеал – Македонија на Македонците, наместо приклучување кон Србија или други држави.
Српското гласило го обвинува Дедов дека, наводно, „го злоупотребил гостопримството“ што Србија му го пружила. Наместо тој да студира, весникот пишува, Дедов агитирал меѓу Македонците (обележени во статијата како „Срби“ од Турција), исклучиво пропагирајќи ја идејата за Македонија на Македонците, а против присоединување кон Србија. При тоа, Дедов укажувал дека Македонците се засебен народ и не се Срби.
– „Редовно го гледаат кај одделни млекари, фурнаџии, меанџии и други Срби од Турција. Разговорот кај наведениве, Ст. Јаќимов го води исклучително за тоа чија е Македонија и дека Македонија треба да остане за Македонците, а никако да не се присоедини кон Србија; зашто Србија е многу должна и оди кон тоа својот долг да го растовари и врз Македонците. Македонците не се Срби, туку Словени.”
ИЗВОР: „Србин”, „Докле ћемо трпети злоупотребе гостопримства”, 14 јули 1902., бр. 115, стр. 1.
Српските шовинисти очекувале дека Македонците кои дошле во Кралството Србија заради работа или студирање, морале да станат „Срби“. А тие што не ја прифаќале велико-српската т.е. србоманската доктрина, „го злоупотребувале гостопримството“ на Србија.
Сосем исти писанија како и во бугарските наци-шовинистички весници претходно, од коишто дел имаме објавено досега. Еве примери:
ЗАБЕЛЕШКА: Стефан Дедов е родум охриѓанец кој учителствувал низ Македонија и тесно соработувал со македонските кружоци во Битола, Ресен и Охрид за македонското национално дело. Во 1898 г., Дедов се преселил во Белград, каде што ги организирал Македонците печалбари во посебни македонски организации.
Го издавал списанието „Балкански гласник“, во којшто биле изложени програмските основи на македонско национално движење: Македонците како посебна нација, со одделен македонски литературен јазик и фонетски правопис, со Охридската архиепископија како македонска национална црква и Македонија како автономна или самостојна балканска држава или пак како рамноправна единица на балканска федерација или конфедерација.
Српските власти го протерале од државата заедно со неколкумина организатори на Македонскиот клуб во Белград откако подготвил меморандум за Македонија до големите сили. Дедов потоа продолжил да работи во полза на македонското национално дело во Русија. —/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа