Погледнете што им правеле бугарите на македонците во втората балканска војна! ЗА ДА НЕ ИМ ПЛАЌАТ ПАРИ НА СЕМЕЈСТВАТА ГИ РЕГРУТИРАЛЕ КАКО ДОБРОВОЛЦИ

Втората балканска војна започнала со битката кај реката Брегалница на 30 јуни 1913 година. Бугарската 4-та армија, со ноќен напад дејствувала врз српските воени позиции во Вардарска Македонија, дел од етногеографска и историска Македонија, окупирана во Првата балканска војна.
Прекршувајќи ги воените конвенции и во двете армии на Битката на Брегалница биле регрутирани Македонци. Во српската армија Македонците биле регрутирани како редовни војници, а во бугарската како доброволци (подучени од Австроунгарија за де не плаќаат отштета на семејствата на загинатите).
По завршувањето на Првата балканска војна Србија сметала дека решението за спорот, поделбата на етногеографска Македонија, ќе го реши рускиот арбитражен суд, а Бугарија охрабрена од Австроунгарија, не сакала да ја чека одлуката на рускиот цар. Бугарија на 30 јуни 1913 година, без претходна најава извршила надап врз српската и грчката војска и само еден месец по официјалното завршување на Првата балканска војна, започнала Втората балканска војна. (с.с Историска белешка)
Сите реакции:

1

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа