ЕВЕ СИТЕ ДА ЗНААТ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! ПРОНАЈДЕНА ПЛОЧА ОД АНТИЧКО ВРЕМЕ ПОВРЗАНА СО ГРАДОТ ТРОЈА ВО ПРИЛЕПСКО

Фрагментот од плочата со релјеф и натпис 2

Областа Мариово денес е во исклучително лоша демографска состојба и голем број културни содржини се оставени на природната стихија и на случајните намерни и ненамерни посетители. Мал зрак на надеж дава се позасиленото навраќање на поранешните жители на мариовскиот крај на нивните цркви и манастири и активностите, кои ги преземаат за нивното одржување и доизградба. Токму на оваа појава се должи и откривањето на неколку експонати од материјалната култура на овој простор со потекло од антиката. Се работи за еден фрагмент од мермерна плоча со релјеф и натпис, како и еден фрагмент од мермерен столб, кои потекнуваат од просторот на обновениот манастир „Св. Петар и Павле“, кој се наоѓа во непосредна близина на селото, од неговата североисточна страна, во близина на селската чешма.

Фрагментот од плочата со релјеф и натпис 2
Фрагментот од плочата со релјеф и натпис 2

Токму од местото на обновениот манастир потекнуваат гореспоменатите експонати. Всушност, местото на кое е поставен манастирот крие постари културни траги и овие културни споменици, веројатно, потекнуваат од самото место. Покрај нив, на теренот околу малата црква се забележуваат и други остатоци, меѓу кои и гробови од типот циста, фрагменти од керамички садови и сл. Ако се знае дека гробови од типот циста – со конструкција од камени плочи среќаваме уште од праисторијата, преку антиката, па и средниот век, тешко е да се констатира од кој период потекнуваат културните остатоци на овој локалитет, но претходноспоменатите споменици не доближуваат до поточно датирање, односно не упатуваат на некои од првите векови на римскиот период.

Мермерен столб - фрагмент
Мермерен столб – фрагмент

Едниот од објектите, кој е фрагмент од оформена мермерна плоча, веројатно, од надгробен споменик, има остатоци од релјеф на кој се забележуваат нозете од два коњи, на кои имало и јавачи, од кои првиот е зачуван подобро, при што се забележуваат неговите нозе и дел од стомакот, како и една од нозете на јавачот до коленото. Во долниот дел на плочата има натпис во четири реда. На натписот се споменуваат повеќе имиња, но нивното идентификување е тешко поради оштетувањата на писмените симболи. Сепак, сосема е јасно името Касандра, кое се споменува во третиот ред, која веројатно е ќерка на покојникот во чие име го подигнала споменикот.

Натписот од Живово
Натписот од Живово

Од пишувањата на античките автори познато е дека името Касандра има митолошко потекло и, особено, е поврзано со градот Троја. Имено, Касандра е една од големиот број ќерки на тројанскиот крал Пријам и неговата жена Хекаба. Таа е близначка и се родила заедно со нејзиниот брат Хелен. Тие, според митологијата, биле меѓу најмладите деца на Хекаба и Пријам и биле надарени со пророчка моќ.1 Тоа значи дека ова име има континуитет на употреба повеќе од 3.000 години.

Касандра - Evelyn Pickering Morgan (1855–1919) – London, Anglija
Касандра – Evelyn Pickering Morgan (1855–1919) – London, Anglija

Спред митолошкото предание, пророчката моќ ја добиле при прославувањето на нивниот роденден во храмот на богот Аполон Тимбрај. Децата се умориле од игра и заспале во аголот на храмот. Нивните родители, на веселбата добро се напиле вино и, заборавајќи на своите деца, си отишле дома без нив. Кога нивната мајка Хекаба се вратила во храмот по нив, ги затекнала како свети змии им ги лижат ушите и крикнала од страв. Змиите се скриле во ловоровиот џбун во близина, но оттогаш Касандра и Хелен останале надарени со моќ за пророштво.2

Според едно друго предание, пророчката моќ Касандра ја добила еднаш кога таа заспала во храмот, а богот Аполон се појавил и ѝ ветил дека ќе ја научи на пророчка моќ ако се согласи да му се подаде. Касандра најпрво го примила дарот, а потоа одбила да му се подаде на богот. На тоа, Аполон почнал да ја моли само да го бакне и кога таа се согласила, тој и плукнал во устата и поради тоа никој не верувал во нејзините пророштва.3

Манастирот „Св. Петар и Павле“ - Живово 2
Манастирот „Св. Петар и Павле“ – Живово 2

Касандра го предвидела и паѓањето на Троја, но никој не и верувал. Кога еднаш нејзиниот татко Пријам испратил делегација за преговори со еден од кралевите во Грција, Теламон, кој ја грабнал неговата сестра Хесиона, а Касандра пророкувала дека преговорите ќе бидат неуспешни и дека Троја ќе биде нападната и ќе ја изгуби војната Пријам, за да ја избегне непријатноста, Касандра ја затворил во тврдината.4

Касандра, заедно со Лаокоонт, синот на Антенор, ги предупредувале Тројанците и за тоа да него внесуваат дрвениот коњ во градот бидејќи во него има вооружени луѓе, но никој не поверувал на тоа и дрвениот коњ бил внесен и поставен на тврдината.5

Кога Ахајците кои биле скриени во дрвениот коњ излегле и почнале да убиваат во градот, Касандра избегала во храмот на Атина и се залепила до дрвениот лик на божицата, кој се наоѓал на местото на Паладиумот. Тука ја нашол Малиот Ајант и се обидел да ја одвлечка, но таа толку силно го прегрнала дрвениот лик, па морал да ја однесе заедно со него во харемот во кој ги собирале тројанските жени. Неа, како награда за своите заслуги ја побарал Агамемнон. Хермес го предупредил дека, при изнесувањето од Храмот, Ајант ја силувал, но Агамемнон, сепак, ја зел за себе.6

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа