ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА – СРЕДБА НА ВИС СО ТИТО
Во јуни 1944 година, за време на подготовките за свикување на АСНОМ, тричлена делегација од Мкедонија, Методија Андонов-Ченто, Емануел Мане Чучков и Кирил Петрушевски, заминала на островот Вис. Целта на македонската делегација била средба со највисокото југословенско партиско раководство и со Јосип Броз Тито. Делегацијата требала пред врховните тела на Југославија и пред Тито да го постави прашањето за остварување на крајната цел на македонската национална борба – ослободување и обединување на Македонија.
Претставниците од Македонија известиле дека се овластени од народноослободителниот отпор да го повикаат македонскиот народ во Егејска и Пиринска Македонија да продолжи со борбата против окупаторите и да се повикаат на обединување на силите во единствена борба за ослободување и обединување на Македонија.
На македонската делегација и било соопштено тоа прашање да не го поставува до завршувањето на војната, туку единствено на повоената мировна конференција. (с.с Историска белешка)
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?