Заев до австрискиот амбасадор:До утре ти давам рок да ми се извиниш

t

Австрискиот амбасадор во земјава, Георг Вуцас, денеска практично си нарача пресуда во македонски суд.

Амбасадорот побара да се сменат сите судии и обвинители во процес меѓу две приватни компании, едната австриска компанија, а другата македонска, во сопственост на братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев. Амбасадорот директно го прозива поранешниот премиер во соопштението испратено до медиумите. Се работи за спор во кој австриската фирма има потешкотии во наплатата на долгот од македонската фирма.

Заев во изјава за Инфомакс нагласи дека се оградува од било каква инволвираност во споменатиот спор и посочи дека доколку уште еднаш биде споменат во таква конотација ќе мора да го тужи амбасадорот.

– Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам во соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука како што и впрочем се очекува без разлика за кој граѓанин или правен субјект се однесува.

Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи како и било која друга институција си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае во работењето и одлучувањето. Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација нема да можам ништо друго да преземам освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот.

Јас се сметам за пријател на Австрија и за време на мојата одговорност како премиер сум воспоставил одлични пријателски релации и соработка во Австрија. Така да нема да дозволам првиот претставник на Австрија во Македонија со ваква леснотија и без било какви докази да го валка моето име. Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ќе го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на Амбасадорот на Австрија, вели Заев во изјава за Инфомакс.

Повеќе за случајот на линкот во продолжение

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа