Рускиот претседател Владимир Путин имаше обраќање по повод она што се случува денеска во Русија. Постапките на шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин ги нарече нож во грб и предавство на земјата.

Извонредно! Руската армија го нападна „Вагнер“! Пригожин се закани со воен удар

 

„Прекумерната амбиција и личен интерес доведоа до предавство! Сите оние кои подготвија вооружен бунт ќе претрпат неизбежна казна“, вети претседателот.

„Она со што се соочуваме сега е предавство. Личните интереси доведоа до предавство на нашата земја и причината поради која се борат нашите вооружени сили“, рече рускиот претседател Владимир Путин поради активностите на шефот на приватната воена компанија Вагнер Евгениј Пригожин.

„Сите оние кои тргнаа по патот на предавството ќе бидат казнети и повикани на одговорност. Вооружените сили ги добија потребните наредби“, додаде рускиот лидер.

Ќе го заштитиме рускиот народ и нашата земја од сè, дури и од внатрешното предавство што се случи. Оние кои ја туркаат Русија кон пуч ќе одговараат за своите постапки. Тој додаде дека ситуацијата е комплицирана во Ростов на Дон.

Откако борците на Вагнер тргнале да ја соборат воената команда на руската армија, тие изјавиле дека градот Ростов на Дон е под нивна контрола и почнале да наметнуваат услови.

Пригожин ги повика министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов да одат во Ростов и да се сретнат со него, во спротивно „ќе го блокираме градот Ростов и ќе се упатиме кон Москва“. Во видеото, водачот на приватните борци рече дека ја презеле контролата врз воените локации во градот, вклучувајќи го и аеродромот.