Грчки воени писма од 1913 со кои признаваат дека се окупатори на Македонија: Им ги запаливме сите села на Македонците, полоши сме и од Бугарите

Грчки воени писма – сведоштва од јули 1913 год.
Иако овие писма внимателно се селектирани за да и се предадат на Карнегиевата комисија, сепак и од нив можеме да изведеме многу јасни заклучоци за теророт вршен врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија од страна на Бугарија и Грција.
————–
писмо бр. 28
Мој драги Леонидас: Баница, 11 јули 1913
Не можам да најдам хартија за да напишам, оти сите села тука се изгорени, а сите жители избегани. Ние ги палиме сите нивни села и сега не среќаваме ни жива душа. Морам да ти кажам дека сме близу старите граници со Бугарија. ЈА ОКУПИРАВМЕ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ОСВЕН ТРАКИЈА. ***
Сакам веднаш да ми одговориш.
Ова е мојата адреса: Каплар Георгиос Коркоцки,
19-ти полк, 3-ти батаљон, 11-та чета, 7-ма дивизија, каде и да бидеме.
————–
ЗАБЕЛЕШКА:
1. Грците се во Баница, каде како и сите други македонски села, се било изгорено и раселено, а овој Георгиос не можел ниту лист хартија да најде за да го напише писмото.
2. Читаме и негово самопризнание, кога тој како Грк вели дека “ја ОКУПИРАЛЕ цела Македонија, ОСВЕН Тракија“.
3. Ова значи дека ГРЦИТЕ СЕ ОКУПАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА уште од 1913 год., но и дека Тракија (Одринско) е сметана како дел од Македонија (штом вели “ЦЕЛА Македонија ОСВЕН Тракија”).
Овде веројатно се мисли за западниот дел на Тракија. Сетете се на ова кога разноразни бугараши и бугарски тролови ќе ве прашуваат зошто имало ОДРИНСКО во името на ТМОРО и ВМОРО.
4. Дали домашната петта колона е свесна колкави реки македонска крв е пролеана, колку куќи и имот се пеплосани од страна на Грција во 1913 год?
Та тие денес да потпишуваат дека тој народ не бил ист со нас!?!!
————–
Писмо бр. 12
Мој драги Леонидас: Родопи, 13 јули 1913
Држи се добро, како мене. Тоа ти го посакувам јас. Го примив твоето писмо кое многу ме задоволи. Исто така добив едно писмо од Аристидес, кој е добро и пишува дека исто така бил регрутиран, што ме растажи, зашто моите страдања се такви што не може да се утешат со солзи, бидејќи се се изгубено, зашто не можете да си замислете што се случува во војна. Селата се запалени, а исто така и луѓето, а ние самите ги палиме огновите и правиме полоши нешта од Бугарите.
Твојот сакан брат
Томас Запантиотис
————–
ЗАБЕЛЕШКА:
1. Сите села на потегот кон Бугарија систематски биле запалени. И додава дека тие (Грците) прават и други нешта кои пак се полоши дури и од Бугарите, односно дека и едните и другите вршат ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ врз македонскиот народ.
————–
Писмо бр. 4
бугарска граница, 11 јули 1913
Драги брате Јоани:
Овде живеат архикомити. Ние ги масакриравме сите. А местата низ кои поминавме за секогаш ќе ми останат во сеќавање.
Наредник Клетанис
————–
Извор: “Извештај на Карнегиевата балканска комисија”.
Сите реакции:

10

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа