Претседателот на бугарското здружение во Струга „Шемето“, Бекир Кадриески, денеска бил нападнат од 3-4 локални лица во угостителски локал во Струга. Во моментот се наоѓа во болница во Струга, оставен сам без лекарски надзор, со потешкотии во дишењето и болки во телото, јавува бугарскиот новинарски сајт Novini.bg.
Сајтот цитира Facebook објава на Бојан Донев, кој е пријател на нападнатиот.
,,Го познавам Бекир лично, тој е добар и кроток човек. Никому не помислил зло. Овој одвратен акт на омраза треба да биде остро осуден од Бугарија и да ги искористиме сите европски механизми тоа да не се случи повторно”, пишува Донев.
За бугарската Nova телевизија Кадриески раскажал дека бил турнат на земја и му биле задавани удари со нозе. Како што сведочи Кадриески за време на тепањето бил навредуван со зборовите ,,валкан Бугарин”.
Извор на Трибуна, близок до напднатиот јавува дека Кадриески имал отежнато дишење и болки во стомакот.