Зборникот „Британски документи за историјата на Македонија“ (1901-1904): МАКЕДОНЦИТЕ И СЛОВЕНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ГИ ЗАПИШУВААТ КАКО БУГАРИ ВРЗ ОСНОВА НА ЕГЗАРХИЈАТА

„Треба да се повлече јасна линија меѓу бугарските и македонските работи“

Еве што британски дипломати му пишувале на својот шеф на дипломатијата во почетокот на 20 век: „Бугарите апелираат до Европа да им даде на Македонците реформи – автономија, кралство или република, без разлика што било, само тие да можат да се вратат во својата сопствена земја – тие дојдоа да бараат слобода, а им го зедоа лебот од устите на Бугарите“.

ceta1

Кон крајот на XIX век, по Берлинскиот конгрес (1878 година), карактеристично за историјата на Балканскиот Полуостров е појавувањето и развојот на македонското прашање. Според решенијата на овој конгрес, Македонија останала во рамките на Османлиската Империја, а договорот постигнат во Берлин, за Македонија и за другите делови од Европска Турција, за кои се однесувал чл. 23, предвидувал делумна административна автономија, но османлиската влада немала намера да го спроведе во живот овој член.

Во тоа време во соседството на Македонија се создавале државите Грција, Србија и Бугарија, а нивните големодржавни аспирации биле насочени токму на територијата на Македонија.

Меѓутоа, овие држави воено и економски сè уште биле многу слаби за да преземат воени акции за освојување на нови територии, затоа почнале жестока верско-јазична пропаганда за придобивање на македонското христијанско население. Бугарската, грчката и српската влада не штеделе средства за отворање што поголем број бугарски, српски или грчки училишта и цркви, а набргу почнале и оружени судири меѓу приврзаниците на овие странски пропаганди.

Во такви услови во 1893 година во Македонија била формирана Внатрешната македонска револуционерна организација, а во 1895 година во Софија, со обединување на македонските друштва, бил формиран Врховниот македонски комитет, кој ги изразувал барањата на македонските емигранти во Бугарија во однос на Македонија.

Овие револуционерни движења, судири и борби на крајот на XIX и почетокот на XX век довеле до познатото Илинденско востание. Сè покомплицирана ситуација во врска со нерешеното македонско прашање го предизвикала вниманието на развиените капиталистички европски држави, чија цел било проширување на сферите на влијание и заземање на што повеќе колонијални поседи и пазари.

cetata-na-cakalarov

Четата на Чакаларов

За случувањата во т.н. Европска Турција, чиј дел била и Македонија, особено се интересирала Велика Британија. Таа настојувала да ги зајакне своите дипломатски претставништва во овој дел од Балканот за да ги следи одблизу случувањата и да ги брани британските интереси пред другите европски држави.

Зборникот „Британски документи за историјата на Македонија“ (1901-1904) содржи интересни информации за економската и политичката состојба, за револуционерното движење, верските судири и др., кои ги праќале британските дипломатски претставници до своето министерство за надворешни работи (Foreign Office).

Во овие документи, како и во целокупната документација од тоа време, припадниците на христијанското словенско население се именувани како Бугари, Грци или Срби, во зависност од тоа под власта на која црква се наоѓале – Бугарската егзархија, Грчката патријаршија или Српската православна црква, бидејќи османлиската држава ги имаше поделено своите поданици на верски, а не на етнички заедници и нивниот основен идентитет бил верскиот, а не националниот. Покрај тоа, тие често давале и неточни толкувања и оцени за настаните во Македонија, но сепак во некои извештаи среќаваме термини како „Македонци“, „македонски народ“, „автономна држава Македонија“, „Кнежевство Македонија“ и сл.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа