ЕРДОГАН ЖИВЕЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА Пред 23 години се засолнил во Тетово

 

Интересен детаљ за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е тоа што одреден период живеел во Тетово, Македонија, јави еуроњуз Албанија (euronews Albania).

Поранешниот конзул на Албанија во Истанбул, Ермал Калеци изјавил дека Ердоган живеел во Тетово неколку месеци во 1999 година.

– Тој  по излегувањето од затвор се засолни кај албанско семејство во Тетово. Ова е откако во 1998 година тој беше осуден за поттикнување верска омраза затоа што рецитирал песна во која ги споредува џамиите со касарните и верниците со војската – тврди Калеци.

За овој настан Ердоган бил осуден на 10 месеци затвор, од кои одлежал само четири месеци. 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа