Ние, братучедите по мајчина линија, многу се сакавме, кога се собиравме, си раскажувавме и се однесувавме со големо уважување кон паметта на вујко Гоце. Во свеста на мајка и тетките вујко беше пример за служба на народот, интернационалист и бугарски патриот. Неговите сестри често ни кажуваа: „Следете го, деца, и трудете се да не го посрамите името на својот вујко.“
Не се сеќавам, кога сме се собирале, да станувало збор за такви невистинити, преиначени, неточни нешта, кои ги расправа сега нашата братучедка Лика во Скопје. Никогаш не станувало збор, никогаш не се говорело и во нејзино присуство, дека не сме Бугари, дека припаѓаме кон некаква друга националност. Мнозинството од населението на Македонија се чувстувало бугарско и се наоѓало под врховенство на егзархијата. Самата Лика, почитувана и уважувана како добра бугарска учителка, не се изјаснувала по друг начин. Сега, кога станува збор за неа, се вознемирувам, затоа што е изразител на туѓи и непријателски на нашиот народ тежненија. Лика не може да не разбере, не може да не знае зошто сега таму ја почитуваат. Има една негативна црта во нејзиниот карактер. Таа страда од самољубие, од суета. Таа нејзина негативна црта во карактерот ѝ ги определува најновите ѝ пројави. Но, и покрај тие слабости во карактерот со ништо не можат да бидат извинети тие недостојни, нечестни нејзини постапки. Ако таа во еден момент се сепне, размисли и се запраша, ќе разбере, дека говори против своите, против своите браќа, татко си, мајка си, кои починале тука, против вујко си. Оние, кои ја фалсификуваат бугарската историја, ја искористуваат дури и неа, за да штетат на нашата земја…
Извор: “Спомени на Милан Антонов, роднина на Гоце Делчев – за неговото семејство – 1977 г.”, публикувано вo “Гоце Делчев, Спомени, Документи, Материjали”, Софиja, 1978 година
Фотографија: Милан Гоцев го слави неговиот 104 и последен роденден, во 2010 година, на неговиот ѕид портрет на Гоце Делчев и знамето на ВМРО од ВМРО-БНД.
@krumski.mkd
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?