На 12 октомври 1905 г., во Белград почнал да се издава неделникот „Автономна Македонија”,
Тиражот од првиот број од весникот бил спален уште утредента, за што сведочи и белградскиот весник.
Политика” од 14 октомври 1905 година
Автономна Македонија (La Macédoine autonome).
Неделен неофицијален орган на македонскиот клуб во Белград.
Поднасловно мото:
„Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците“.
Главен уредник Григорие Хаџи Ташковиќ (со потекло од Воден), сопственик и одговорен уредник Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ (со потекло од Гевгелија), а меѓу соработниците се и Ј. Велиќ, А. Атанасов и Е. Спостранов. Весникот излегува на српски јазик со уводниците и на франциски.
Кога издавачите формираат јадра и во Македонија и воспоставуваат личен контакт со раководството на ТМОРО за учество како посебна македонска група на престојниот Рилски конгрес, во Белград настануваат улични демонстрации и доаѓа до смена на владата. По вербалните и физичките напади и застрашувања, по број 12 весникот престанува, а уредниците издавачи мораат да ја напуштат Србија. Така е задушен и Македонскиот клуб и разнебитена организационата структура во земјата и во странство.
Сите реакции:
11Dunek Makedonski, Najdo Na Tošo Trajčevski и 9 други
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?