Првото знаме на македонската независна држава
02.06.2023
Според меѓународните конвенции на УНЕСКО за заштита на материјалното и нематеријалното културното наследство, државите на чијашто територија се наоѓаат одредени артефакти (симболи, фрески, икони, хералдика, уметнички дела), должни се да ги заштитуваат истите тие и да ги негуваат. Некои симболи наследени од културната традиција вршат улога на идентитетски наративи. Во таквите симболи се испреплетува митот со историскиот факт.
Сонцето (т.н. од Кутлеш) е култен македонски симбол. Нашето предание и материјалното културно наследство недвосмислено сведочат за тоа. Затоа и беше прогласено со Уставот на РМ за симбол на македонското државно знаме.
Сонцето е симбол на љубов, не на омраза. Над 140 држави во светот го признаа тој симбол како легитимно македонски. Должност е на македонските државни институции да го почитуваат првото македонско државно знаме.
Апсурдни се обидите за забрана на Сонцето од Кутлеш и за осуда на почитта на народниот симбол. Се самопониживме пред светот кога го повлековме државното знаме од официјална употреба.
Денес, ако живееме во слободен свет, треба да ни биде чест да го употребуваме симболот на шеснаесеткракото сонце како македонско етничко знаме.
За осуда се, всушност, договорите што Р Македонија ги потпиша спротивно на важечкиот Устав на РМ. За осуда е праксата прво да се потпишуваат противуставни спогодби, после да се менува Уставот. Тоа е незамисливо во нормалниот и цивилизиран свет.
Адвокатот Тони Менкиноски направи морален подвиг преземајќи ја врз себе одговорноста за којашто се товари, заштитувајќи ги така симболично сите Македонци кои се изложени на политички говор на омраза.
#Пишува Академик Катица Ќулавкова – Нова Македонија мк
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?