СПОРЕД НАЈПОЗНАТАТА ЕНЦИКПЛОПЕДИЈА НА ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА ОД 1877 г. МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОСЕБЕН НАРОД

Книгата „Историја на Турција“ (1) е објавена во 1877 година од американскиот истражувач и добар познавач на Отоманската Империја – Џ. Д. О’конор (J.D. O’Connor). Напишана во енциклопедиски стил, книгата ѝ ја претставува на американската јавност организациската структура на Отоманската Империја во времето на Руско-турската војна од 1877 – 78 г.(2), којашто донесе пресврт на Балканот.
Книгата ја дава на увид географската распределеност на Отоманската Имперја (области, реки, планини и растојанијата меѓу нив) и нејзината територијалната организација; структурата на политичкиот, религиозниот и образовниот систем; цивилната администрација; организацијата на војската и хиерархијата на чинови; и дава опис на индустриските гранки, земјоделството и трговијата, како и на даночниот систем.
Авторот вклучил и листа на владетелите од Османската династија; опис на обичаите, облеката, храната, моралните вредности; на „невообичаените“ институции (на пр. харемите); поважните градови и главните историски настани.
Во описот на населението на областа Румелија (т.е. Европска Турција), во којашто се вели дека припаѓаат Македонија, Тракија и Бугарија, пишува:
– „Жителите се од мешана раса или, подобро речено, мешавина од раси – Грци, романизирани Грци или Грко-Ромеи, грцизирани Словени, Македонци, Бугари, Срби и Турци.“
Поимот „Словени“ е даден во наводници со оглед на тоа што „’Словен’ во современа Турција веројатно може да биде мешавина од грчка, македонска, романска, бугарска, албанска па дури и отоманска крв колку што може да биде и чист Славјанин.“
За Албанците или Арнаутите пишува дека се „храбри и воинствени наследници или потомци на полу-диви пљачкаши и пирати“, додека за Бугарите се вели дека се не-домицилни Угри (Угро-финци) кои зборуваат словенски јазик откако се преселиле на Запад т.е. на Балканскиот Полуостров и конкретно во Мизија.
ИЗВОР: “History of Turkey,” by J.D. O’Connor, Chicago: Moses Warren, 1877, pgs. 31, 207, 208.
ЗАБЕЛЕШКИ:
(1) Книгата добила широк публицитет во САД со оглед на интересот за Руско-турската војна од 1877 г. и можните последици од неа по меѓународните односи. Меѓу многуте јавни личности што искажале позитивно мислење се историчарот Семјуел Вилард, секратарот на Чикашкото историско друштво Алберт Хагер, канцаларот на Државниот универзитет во Ајова Вилијам Хамонд и претсдателот на Државниот универзитет во Нормал, Илиноис – Ричард Едвардс.
(2) Во војната, Русија практично ја поттисна Отоманската Империја cѐ до Цариград. Како разултат на воените дејствија, Србија, Романија и Црна Гора станаа независни држави, а Бугарија искрсна како вазален принципат но под руско туторство и организција. —/
Сите реакции:

33

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа