Напнато: Професорско шамарчење! Силјановска ја ,,уништи” Биљали, таа се заблагодари не разбирајќи што и е кажано (ВИДЕО)
Претседавачот со комисијата за европски прашања пратеничката на ДУИ Арта Биљали не можеше да ги слуша аргументите на професорката Гордана Силјановска Давкова за лошите страни на Законот за градба (Бехтел и Енка) кој се менува по брза постапка со таканаречено ,,европско знаменце” и се обиде да ја прекине.
Потоа дојде до вербален судир во кој професорката на Биљали и сугерираше дека се однесува како да има фројдовски синдром а пратеничката очигледно не знаејќи што и кажува Силјановска се заблагодари на споредбата со психологот.
Нивото на нервоза кај владеачките пратеници за законите поврзани со договорот со Бехтел и Енка е особено високо откако 22 пратеници првично беа натерани да се потпишат на 8 закони во редовна постапка кои сега ги нема никаде а владата предложи нови 5 закони по брза постапка.
Целото видео во кое Силјановска дава низа објаснувања зошто овој и другите закони по брза постапка се штетни за Македонија