БОМБА! ПРОТЕЧЕ ГЕРМАНСКИ ДОКУМЕНТ! Ванчо Михајлов со помош на првиот човек на Хитлер во 1943 требало да формира независна Македонија, бигарите полуделе и почнале да се жалат кај Хитлер

СВЕДОШТВА ОД НИРНБЕРШКИОТ ПРОЦЕС ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ
Нирнбершкиот процес против нацистичкиот дипломат Херман Нојбахер ја бележи и врската на Ванчо Михајлов со германскиот фашистички врв.
Нојбахер за В. Михајлов потврдил дека бил миленик на неговиот подреден Е. Калтенбрунер, австриски ес.ес старешина и извршител-организатор на холокаустот, со кого Михајлов имал чести контакти.
Во 1943 година Калтенбрунер на В. Михајлов му организирал средба и со Хајнрих Химлер (најблизок соработник на Хитлер) кој ја поддржувал ванчомихајовистичката ВМРО. Михајлов бил планиран да организира воена формација во Македонија и соседството против комунистите.
Според записниците на нацистите Михајлов бил поддржан и од Рибентроп, нацистичкиот министер за надворешни работи, за создавање Македонска држава поврзана со Бугарија.
Во есента 1944 година, бугарската Влада се пожалила кај Хитлер за поддршката на Михајлов од страна на Рибентроп за создавање Македонска независна држава.
Белешките од Нирнбершкиот процес сведочат дека, во есента 1944 година, Х. Нојбахер наредил во Скопје да биде формиран македонски комитет којшто би презел безбедносни мерки против партизаните и формирање т.н. Влада. Но, во Скопје В. Михајлов не бил популарен и не можел да назначи раководител на комитетот и покрај наредбите на Рибентроп. Како причина за не формирањето на комитетот наведено е и повлекувањето на Германија од Бугарија. (с.с. Историски белешки)
1945.08.15_US Military Intelligence Service Center – Hermann Neubacher, PIR no.51
1945.08.15_US Military Intelligence Service Center – Hermann Neubacher, PIR no.51
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа